Водата во скопските базени е безбедна за капење. Лабораториските анализи во Центарот за јавно здравје покажале дека нема присуство на бактерии. За да се заштити здравјето на капачите, надлежните уверуваат дека во текот на цела сезона ќе прават редовни контроли во овие објекти.
– Имаме договор сите базени во градот. Соработката е на добро ниво и еднаш во неделата наш техничар оди и стручно зема вода за анализа, вели д-р Љупчо Костадиновски специјалист по хигиена во Центар за јавно здравје-Скопје.
Експертите по хигиена укажуваат дека сè уште културата на капачите е на ниско ниво. Во вода влегувале облечени во долна облека или со шампон на глава. А токму овие лоши навики, според лекарите, се потенцијална опасност од ширење заразни заболувања. Апелираат во вода да не влегуваат лица што имаат гребаници и рани по телото.
-Мора да има дезобариери пред влегување во базените. Мора да се измијат нозете со хлор, задолжително туширање пред влегување во вода и никако со рани по телото бидејќи тоа може да доведе до ширење опасни бактерии, кои веднаш се рефлектираат по кожата и по очите – вели Костадиновски.
Додека водата во базените е веќе проверена, во тек се анализите и за квалитетот на трите природни езера. Од Институтот за јавно здравје во текот на месецот ќе излезат со податоци дали водата во Охридско, Дојранско и во Преспанско Езеро е безбедна за капење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



