| четврток, 6 декември 2018 |

„Турски тек“ во Грција ќе чини 2 милијарди долари

gasovodЦената на грчкиот дел од гасоводот „Турски тек“ ќе биде две милијарди долари, изјави вчера министерот за енергетика, Панајотис Лафазанис.

Министерот истакнал дека меѓу грчките компании постои голем интерес за изградба и користење на тој гасовод.

– Сега веќе знаеме дека за таа работа ќе биде ангажирана грчка државна компанија. Дури, и прашањето за финансирање е решено. Го проценувам тој инфраструктурен проект на околу 2 милијарди долари – изјавил министерот.

Според неговите зборови, реализирацијата на проектот ќе овозможи околу 20.000 нови работни места во Грција, што ќе влијае не само на економскиот развој на земјата, туку и на целиот регион.

– Тоа е многу важен момент за грчката економија која минува низ тежок период. Грчкиот народ од сето тоа ќе има корист – уверува Лафазанис.

Од Министерството велат дека Грција очекува да потпише меморандум за „Турски тек“ на Петербуршкиот меѓународен економски форум што ќе се одржи од 18 до 20 јуни.

– Што се однесува до економскиот форум, ќе се потрудиме на него да потпишеме договор, таканаречен меморандум за политичка поддршка на тој гасовод меѓу Грција и Русија – додава Лафазанис.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top