Иако Бразилецот Дани Алвеш не е задоволен од статусот кој го има во Барселона, сепак, најверојатно тој ќе остане на „Камп Ноу“.
Алвеш беше поврзуван со трансфер во францускиот шампион Париз Сен Жермен, но тренерот на „Светците“ Лоран Блан, ја отфрли можноста Бразилецот да се пресели на „Паркот на принцовите“, пренесува денешното издание на шпанскиот спортски весник „Марка“.
Договорот на Алвеш со Барселона истекува на 30 јуни, а тренерот Блан кратко изјави „Мислам дека Алвеш ќе ја продолжи соработката со Барселона“.
Минатата недела бразилскиот фудбалер јавно се пожали од статусот кој го има во Барселона и изрази незадоволство од платата, наведувајќи дека сериозно размислува да го напушти тимот кој сезонава веќе освои два трофеи, првак и победник на Купот на Шпанија, а во сабота ќе има можност да се атакува и на титулата во Лигата на шампионите, за која ќе се бори со италијанскиот првак Јувентус.
Токму по овој меч Алвеш најави дека ќе ги прецизира плановите за својата понатамошна кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.