Маж на возраст од 47 години од Велика Горица е уапсен и сместен во притвор поради тоа што разменувал детска порнографија на интернет. Тој маж претходно е уапсен поради истото кривично дело.
Поради опасноста од повторување на делото, истражниот судија во Велика Горица му одредил едномесечен притвор.
Полицајците го пријавија поради искористување на деца за порнографија и му се заканува една до осум години казна затвор.
Педофилот минатото лето почнал да ги архивира детските порнографски материјали, од фотографиите до видео снимките, на кои се прикажани деца на млада возраст со различни содржини.
Полицијата го уапси на 28 мај минатата година, кога кај него е пронајден телефон на кој имало голема количина на фотографии и снимки на детска порнографија.
Не е познато дали малолетниците биле директна мета на негови познаници со кој претходно разменувал порнографски материјал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.