| четврток, 6 декември 2018 |

Десетте македонски земјотреси

Де­се­ти­на де­на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни ми­ну­ваа(т) низ иску­ше­ни­ја кои се пре­те­шки и за мно­гу по­сил­ни и по­го­ле­ми др­жа­ви. За­тоа, тре­ба да им се од­да­де приз­на­ние на гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, пред сѐ за за­др­жа­на­та трез­ве­ност во клуч­ни­те мо­мен­ти. Трез­ве­ност ко­ја не­до­сти­га при мно­гу по­ма­ли по­тре­си во мно­гу по­го­ле­ми др­жа­ви

Ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни во са­мо де­сет де­на пре­жи­ве­а­ја по­тре­си кои, ве­ро­јат­но, би до­ве­ле до лу­ди­ло мно­гу по­го­ле­ми др­жа­ви. Ве­ро­јат­но, гра­ѓа­ни­те во ова „зем­јо­трес­но“ по­драч­је на­у­чи­ле да се­ле­кти­ра­ат, да ги про­чи­сту­ва­ат ин­фор­ма­ци­и­те и ви­стин­ски да ги чи­та­ат по­ра­ки­те, ка­ко дел од си­сте­мот на са­мо­за­шти­та на здра­ви­от раз­ум.

До­кол­ку не­кој го сме­та ова за пре­те­ру­ва­ње, сле­ду­ва на­бро­ју­ва­ње на слу­чу­ва­ња­та од 9 мај во след­ни­те де­се­ти­на де­на.

 

aktuelno143-2

Осум­ми­на за­ги­на­ти по­ли­цај­ци во це­лод­нев­на ак­ци­ја про­тив те­ро­ри­стич­ка гру­па во Ку­ма­но­во
Про­фе­си­о­нал­ни­от ин­фор­ма­ти­вен молк на ин­сти­ту­ци­и­те за тоа што се слу­чу­ва во ку­ма­нов­ска­та на­сел­ба им отво­ри мож­ност на тие што са­каа да прот­нат ин­фор­ма­ции од те­рен за ци­вил­ни жр­тви, пре­ку­мер­на си­ла, па и фин­ги­ран су­дир. Та­ква­та си­ту­а­ци­ја од пр­ва ра­ка поч­на да се пре­не­су­ва од бал­кан­ски­те ме­ди­у­ми, кои се на­до­вр­заа и со пре­по­ра­ки „да се из­бег­ну­ва Ма­ке­до­ни­ја“ ду­ри и за про­па­ту­ва­ње кон и од Гр­ци­ја. Ме­ди­у­ми­те бли­ски до Со­рос и до СДСМ со тие ин­фор­ма­ции од ин­тер­нет ја ко­ри­стеа ве­ќе зо­ври­е­на­та ат­мо­сфе­ра по на­сил­ни­те про­те­сти про­тив на­вод­на­та „по­ли­ци­ска бру­тал­ност“, во кои беа по­вре­де­ни де­се­ти­ци по­ли­ци­ски служ­бе­ни­ци. Се­ка­ко, про­те­сти­те не со­преа.

 

Фо­то­гра­фи­и­те на За­ев во Ку­ма­но­во во де­но­ви­те на жа­лост
До­де­ка Ма­ке­до­ни­ја ги оп­ла­ку­ва­ше за­ги­на­ти­те бра­ни­те­ли, на­чалс­тво­то на Зо­ран За­ев се вту­ри во ку­ма­нов­ско­то ма­а­ло во чи­и­што тес­ни улич­ки се во­деа бор­би­те. На асфал­тот ка­де што се про­леа кр­вта на осум­ми­на по­ли­цај­ци, За­ев се сли­ка­ше нас­ме­ан од уво до уво, при­тоа др­жеј­ќи два пр­ста во воз­дух. Ви­кто­ри­ја, но не за не­го, ту­ку за тие што по јав­но иска­жа­на­та под­др­шка на те­ро­ри­стич­ка­та бан­да, ја иско­ри­сти­ја мож­но­ста да се фо­то­гра­фи­ра­ат со чо­век кој пре­тен­ди­ра да би­де на че­ло на др­жа­ва­та. На­та­мош­ни­те слу­чу­ва­ња се тес­но­по­вр­за­ни со оваа по­се­та.

 

Со­би­ри за под­др­шка на по­ли­ци­ја­та
Ак­ци­ја и ре­ак­ци­ја. По на­па­ди­те врз по­ли­ци­ја­та од опо­зи­ци­ја­та и по фо­то­гра­фи­и­те на нас­ме­а­ни­от За­ев, над 70 ил­ја­ди гра­ѓа­ни се со­браа да им од­да­дат приз­на­ние на жр­тви­те на без­бед­нос­ни­те си­ли. Не са­мо во Скоп­је, ту­ку во 23 гра­да мир­но и до­сто­инс­тве­но се спло­ти­ја гра­ѓа­ни на пло­шта­ди­те и пред по­ли­ци­ски­те ста­ни­ци.

 

Три оста­вки до вла­ди­ни­от ка­би­нет
Во ме­ѓу­вре­ме, ка­ко ре­зул­тат на дип­ло­мат­ски­те актив­но­сти за над­ми­ну­ва­ње на кри­за­та, до вла­ди­ни­от ка­би­нет беа под­не­се­ни три оста­вки. Во вре­ме на по­тре­си и нај­а­ви од ре­ги­о­нал­ни­те ал­бан­ски ли­де­ри за ре­а­фир­ми­ра­ње на го­ле­мо­ал­бан­ска­та иде­ја, ка­ко и дру­ги ре­ги­о­нал­ни апе­ти­ти, оста­вки под­не­соа ми­ни­стер­ка­та за вна­треш­ни ра­бо­ти и ди­ре­кто­рот на Упра­ва­та за без­бед­ност и кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње. Из­ну­де­ни оста­вки на двај­ца­та чел­ни лу­ѓе во тур­бу­лен­тен пер­и­од ко­га др­жа­ва­та се спра­ву­ва со не­кол­ку без­бед­нос­ни фе­но­ме­ни – на­сил­ни про­те­сти, го­ле­мо­ал­бан­ски ек­стре­ми­зам, бор­ба со транс­на­ци­о­нал­ни­от ек­стре­ми­зам по­вр­зан и со вој­ни­те ка­де што учес­тву­ва­ле те­ро­ри­сти­те кои за­по­сед­наа дел од Ку­ма­но­во, по­тоа слу­ча­јот „Пуч“ во кој е прис­лу­шу­ван др­жав­но-по­ли­тич­ки­от врв на зем­ја­та. Оста­вка под­не­се и Ми­ле Ја­на­ки­е­ски, чи­е­што Ми­ни­стерс­тво за транс­порт и вр­ски е ди­рект­но од­го­вор­но за нај­оп­сеж­ни­от ин­ве­сти­ци­ски за­фат во ин­фра­стру­кту­ра­та во по­но­ва­та исто­ри­ја на др­жа­ва­та.

 

aktuelno143-3

Со­ро­сов про­тест за ури­ва­ње на Вла­да­та – СДСМ по­ткре­пен со го­ле­мо­ал­бан­ски­от фолк­лор
Про­те­сти­те нај­а­ву­ва­ни од СДСМ за де­вет­ти мај, ка­лен­дар­ски пре­ме­сте­ни за друг ден уште пред ак­ци­ја­та во Ку­ма­но­во, на­вод­но се пре­тво­ри­ја во про­те­сти на Со­ро­со­ви­те здру­же­ни­ја и на СДСМ. „Над­на­ци­о­нал­ни­от“ фолк­лор на про­те­сти­те, ка­ко што се оби­ду­ваа да го при­ка­жат ор­га­ни­за­то­ри­те, пре­рас­на во про­тест на кој јав­но беа по­ка­жу­ва­ни и сла­ве­ни оз­на­ки­те на При­зрен­ска­та ли­га, Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, сим­бо­ли­те на во­е­ни­те гру­па­ции на ли­де­ри­те на те­ро­ри­сти­те од Ку­ма­но­во. Зар има по­тре­ба од на­ве­ду­ва­ње на зна­че­ња­та пр­во на та­ков про­тест прос­ле­ден со му­зи­ка и скан­ди­ра­ња, ре­чи­си ед­на не­де­ла отка­ко осум­ми­на бра­ни­те­ли за­ги­наа, го­ле­мо­ал­бан­ски фолк­лор, пред об­је­ктот на Вла­да­та на РМ? Ра­зу­мот, се­пак, надв­ла­деа и сѐ ми­на без ин­ци­ден­ти, иа­ко по на­сил­ни­те про­те­сти де­се­ти­на де­на прет­ход­но и ку­ма­нов­ска­та ак­ци­ја, ва­ков со­бир оста­ва­ше го­лем про­стор за до­пол­ни­тел­ни без­бед­нос­ни ри­зи­ци, осо­бе­но по­ра­ди ико­но­гра­фи­ја­та и по­ра­ки­те ис­пра­те­ни од го­вор­ни­ца.

 

Кам­пу­ва­ње пред Вла­да­та, де­мон­стран­ти за­тво­ри­ја цен­тра­лен бу­ле­вар
Ка­ко што бе­ше нај­а­ву­ва­но, дел од опо­зи­ци­ски­те де­мон­стран­ти оста­наа на бу­ле­ва­рот, да кам­пу­ва­ат „до ис­пол­ну­ва­ње­то“ на иде­ја­та на За­ев за ури­ва­ње на вла­ста пре­ку на­силс­тво. Нап­на­то­ста оста­на на ули­ца иа­ко сѐ е на­ви­дум мир­но. Се­пак, не се иск­лу­чу­ва де­ка дол­го­трај­но­то оста­ну­ва­ње на ули­ца, без при­тоа ни­ка­ков сиг­нал де­ка не­што ќе се по­ме­сти на по­ли­тич­ки­от те­рен, оста­ва мож­ност за сле­ва­ње ре­волт кон об­је­ктот на Вла­да­та или, пак, кон гра­ѓа­ни­те кои жи­ве­ат во не­по­сред­на бли­зи­на. Раз­бир­ли­ви се бур­ни­те ре­ак­ции на жи­те­ли­те кон „но­ви­те со­се­ди“ во ша­то­ри­те по­ра­ди ме­те­жот што го на­до­пол­ну­ва вре­ва­та од по­сто­ја­на­та „про­гра­ма“ пре­ку по­ста­ве­ни­те разг­ла­си. Не мо­же да се иск­лу­чи и вмет­ну­ва­ње­то зло­на­мер­ни под­буц­ну­ва­чи кои во се­кое вре­ме мо­жат да ја зо­ври­јат со­стој­ба­та.

 

По­ра­ки со отво­ре­ни апе­ти­ти од Ко­со­во, Ал­ба­ни­ја
На­ста­пи­те на ал­бан­ски­те ли­де­ри не­кол­ку де­на прет­ход­но, за ин­те­гра­ци­ја на „ал­бан­ски­те те­ри­то­рии“, ка­ко и ре­ак­ци­и­те што сле­ду­ваа од Ко­со­во за чле­но­ви­те на те­ро­ри­стич­ка­та дру­жи­на, се­ка­ко не се слу­чу­ва­ња што не ги до­пи­ра­ат гра­ѓа­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја. Кон тоа при­до­не­су­ваа и ме­ди­у­ми­те кои пре­не­су­ваа из­ја­ви за тоа ка­ко те­ро­ри­сти­те се „хе­рои кои се бо­ре­ле за ал­бан­ски­от на­род“; она­ка ка­ко што беа пре­че­ка­ни нив­ни­те остан­ки на Ко­со­во де­но­ви­ве. Не мо­же да се од­вои и при­ти­со­кот што го нај­а­ви Ал­ба­ни­ја за на­вод­ни ид­ни пре­пре­ки кон евро­ин­те­гра­ци­и­те.

 

(Не)дип­ло­мат­ски из­ја­ви и оцен­ки за ста­бил­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја – Бу­га­ри­ја нај­а­ви вој­ска на гра­ни­ца­та
Од­не­су­ва­ње­то на одре­де­ни стран­ски прет­став­ни­ци пер­и­о­дов пре­ми­на пре­ку се­ка­ква дип­ло­мат­ска рам­ка или вос­по­ста­вен ко­декс на од­не­су­ва­ње. Опо­зи­ци­ја­та, и по­крај си­те пре­ду­пре­ду­ва­ња да не ја отво­ра таа вра­та, по­втор­но гла­вен збор им да­де на по­ра­неш­ни ам­ба­са­до­ри – свои отво­ре­ни под­др­жу­ва­чи, ка­ко Ире­цот Фу­е­ре или Хо­лан­ѓан­ка­та Фи­ли­пи­ни, но по­тре­ба од ра­ка­ви­ци ве­ќе не гле­да­ат ни­ту евро­пра­те­ни­ци кои дој­доа да др­жат го­во­ри на опо­зи­ци­ски ми­тинг за ури­ва­ње на „ре­жи­мот“. Ако при­сус­тво­то на прет­став­ник од европ­ски­те се­стрин­ски пар­тии на пар­ти­ски ми­тинг мо­же да би­де раз­бра­но ка­ко под­др­шка, на­ста­пу­ва­ње­то на сце­на на по­ра­неш­ни­от бу­гар­ски пре­ми­ер (кој ина­ку оста­на без иму­ни­тет по­ра­ди „гу­бе­ње до­вер­ли­ви ин­фор­ма­ции“ и ни­за ко­руп­ци­ски скан­да­ли) не мо­же да се гле­да над­вор од ме­ша­ње во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на ту­ѓа др­жа­ва. Кон на­ме­ра­та да кре­и­ра впе­ча­ток кај јав­но­ста, СДСМ нај­а­ви и ни­за акту­ел­ни звуч­ни по­ли­тич­ки ими­ња кои на­вод­но по­твр­ди­ле при­сус­тво на нив­ни­от ми­тинг. Ме­ѓу тие звуч­ни ими­ња кои ги нај­а­ву­ваа бе­ше и акту­ел­ни­от бу­гар­ски пре­ми­ер, кој, па­тем, из­ја­ви де­ка рас­по­ре­ду­ва вој­ски кон Ма­ке­до­ни­ја за да си ги спа­си ил­јад­ни­ци­те Бу­га­ри.

 

aktuelno143-4

Огро­мен ми­тинг за под­др­шка на ВМРО-ДПМНЕ
Ве­ќе след­ни­от ден се одр­жа нај­ма­сов­ни­от ми­тинг на ед­на по­ли­тич­ка пар­ти­ја. ВМРО- ДПМНЕ по­ви­ка, а над 90 ил­ја­ди гра­ѓа­ни се одз­ваа на на­род­ни­от со­бир под мо­то­то „За Ма­ке­до­ни­ја сил­на“. Мо­то­то ги спло­ти на ед­но ме­сто си­те што ги уви­доа по­ли­тич­ки­те ма­ни­пу­ла­ции, на­силс­тва­та, отво­ре­ни­те ас­пи­ра­ции и за­ка­ни, ме­ша­ње­то во вна­треш­ни­те ра­бо­ти од стра­на, те­ро­риз­мот, па и ме­ди­ум­ски­те ма­ни­пу­ла­ции. Отво­ре­но се ре­а­фир­ми­ра­ше под­др­шка­та за пар­ти­ја­та на власт да­де­на и на пос­лед­ни­те из­бо­ри. По­ра­ка­та ис­пра­те­на од тој со­бир ги под­за­мис­ли и тие што сме­таа де­ка Ма­ке­до­ни­ја е „ле­сен за­лак“. За­луд­ни беа оби­ди­те на Со­ро­со­ви­те ме­ди­у­ми за ми­ни­ми­зи­ра­ње на број­но­ста на при­сут­ни­те на ми­тин­гот и за на­во­ди­те де­ка тие би­ле „на­си­ла дов­ле­че­ни“. Ко­мен­тар за оцен­ка­та на „еди­кој­си“ из­ве­сту­вач од та­бо­рот на Фи­ли­пи­ни де­ка „не се чув­ству­вал при­јат­но“ на со­би­рот, не е по­тре­бен.

 

Кам­пер­ски ша­то­ри спро­ти пар­ла­мен­тот на чу­ва­ри­те на де­мо­кра­ти­ја­та
Се­ка­ко де­ка се оче­ку­ва­ше дел од тие што дој­доа со под­др­шка за „Ма­ке­до­ни­ја сил­на“, де­ка ќе оста­нат да кам­пу­ва­ат, овој пат спро­ти пар­ла­мен­тот. Те­ре­нот на чу­ва­ри­те на де­мо­кра­ти­ја­та се­га е отво­рен де­ба­тен клуб во цен­та­рот на гра­дот. По тер­кот на „кам­пе­ри­те пред Вла­да“. Раз­ли­ка­та е во тоа што не е бло­ки­ран со­о­бра­ќај, ни­ту, пак, го по­пре­чу­ва­ат се­којд­нев­ни­от жи­вот на гра­ѓа­ни­те. Но, и овој камп не е изо­ли­ра­ни од тие што се оби­ду­ва­ат да ис­це­ни­ра­ат не­вол­ји, ка­ко вле­ту­ва­ње­то со авто­мо­бил не­о­дам­на.

 

Ли­дер­ски сред­би во Скоп­је
Ли­дер­ски­те сред­би не се но­ви­на во Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што по­ли­тич­ки­от ди­ја­лог, на­ме­сто во пар­ла­мен­тот, се во­ди нај­че­сто во Клу­бот на пра­те­ни­ци. Иа­ко и до­се­га се ука­жу­ва­ше (ду­ри и од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца) де­ка та­кви­те со­би­ри на „го­ле­ма­та че­твор­ка“ ги ста­ва пра­те­ни­ци­те и гра­ѓа­ни­те во не­за­вид­на по­лож­ба, и овој пат на ли­дер­ска­та ку­му­ваа ам­ба­са­до­ри. Ма­кси­ма­ли­стич­ки­те ба­ра­ња на СДСМ за от­ста­пу­ва­ње на пре­ми­е­рот и тех­нич­ка вла­да не е ни­што дру­го ту­ку про­дол­же­на ра­ка на на­сил­но­то ури­ва­ње на де­мо­крат­ски­от си­стем во др­жа­ва­та. Се­пак, се­ко­ја но­ва сред­ба за­вр­шу­ва со нај­а­ва за след­на и без ни­ка­ков зак­лу­чок, што до­пол­ни­тел­но соз­да­ва на­прег­на­тост ме­ѓу гра­ѓа­ни­те.

 

Ли­дер­ски сред­би во Страз­бур – по­сред­ни­ци од евро­пра­те­ни­ци­те
Ко­га не­ма до­го­вор во Скоп­је, евро­пра­те­ни­ци­те ги по­ви­каа Гру­ев­ски и За­ев во Страз­бур за да по­мог­нат да се нај­де ре­ше­ние за кри­за­та. По де­сет ча­са молк, стиг­на ин­фор­ма­ци­ја де­ка „раз­го­во­ри­те би­ле искре­ни“, но и де­ка де­ле­га­ци­и­те из­лег­ле од две раз­лич­ни вра­ти на ин­сти­ту­ци­ја­та. Вме­ша­но­ста на ме­ѓу­на­род­ни­те по­сред­ни­ци до­пол­ни­тел­но го под­гре­ва пул­сот на гра­ѓа­ни­те. До­де­ка ед­ни­от од нив, ле­во­о­ри­ен­ти­ра­ни­от Хо­вит, отво­ре­но за­ста­на на про­те­стот на Со­рос и на СДСМ со ве­ќе опи­ша­на­та сце­но­гра­фи­ја, на ко­ја по­втор­но се упа­ту­ваа па­у­шал­ни, но опас­ни оцен­ки де­ка по­ли­ци­ја­та би­ла иско­ри­сте­на ка­ко „то­пов­ско ме­со“, Иво Вајгл наг­ла­су­ва де­ка зад те­ро­ри­стич­ка­та гру­па во Ку­ма­но­во сто­јат џи­ха­дот и Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја.

 

Ме­ди­ум­ски шпе­ку­ла­ции и на­па­ди врз но­ви­на­ри
Ме­ди­у­ми­те овие де­се­ти­на де­на, и до­маш­ни и стран­ски, оди­граа на кар­та­та на об­ја­ву­ва­ње и пре­не­су­ва­ње нај­раз­лич­ни не­про­ве­ре­ни ин­фор­ма­ции, осо­бе­но око­лу ку­ма­нов­ска­та пре­стрел­ка, што вне­се до­пол­ни­те­лен не­мир кај гра­ѓа­ни­те. Раз­лич­ни­те шпе­ку­ла­ции – од тоа де­ка ра­бо­та­та би­ла „фин­ге­рај­ка“ до тоа де­ка Ср­би­ја ја за­тво­ри­ла гра­ни­ца­та или де­ка срп­ски, па и аме­ри­кан­ски вој­ни­ци се спра­ву­ва­ле со те­ро­ри­сти­те – во­оп­што не беа точ­ни. Тоа што на­стра­да најм­но­гу тие де­но­ви бе­ше ви­сти­на­та. Но­ви­на­ри­те ста­наа цел на на­па­ди и од пар­ти­ски­те шта­бо­ви на опо­зи­ци­ја­та, ка­де што по­дол­го вре­ме се те­ро­ри­зи­ра­ат прет­став­ни­ци на опре­де­ле­ни ме­ди­у­ми. Не­тр­пе­ли­во­ста се пре­фр­ли на те­рен, па бе­ше на­пад­на­та еки­па на ТВ „Си­тел“, па сле­ду­ваа на­па­ди и врз дру­ги но­ви­на­ри и еки­пи.

 

Прес­ме­тки ме­ѓу Исто­кот и За­па­дот
До­де­ка Бој­ко Бо­ри­сов од по­зи­ци­ја пре­ми­ер на стак­ле­ни но­зе од Со­фи­ја рас­по­ре­ду­ва­ше вој­ска за од­бра­на на Бу­га­ри­те во Ма­ке­до­ни­ја, Еди Ра­ма нај­а­ву­ва­ше ве­то на ма­ке­дон­ски­те евро­ат­лант­ски ин­те­гра­ции, Ко­со­во ги до­че­ка те­ла­та на те­ро­ри­сти­те со по­че­сти ка­ко хе­рои. Со раз­ни ана­ли­зи, но и шпе­ку­ла­ции се на­до­вр­зу­ваа и ре­ги­о­нал­ни ана­ли­ти­ча­ри, па и др­жав­ни­ци од го­ле­ми­те си­ли. Та­ка, пра­ша­ња за Ма­ке­до­ни­ја се по­ста­ву­ва­ат на ре­дов­ни­те прес- кон­фе­рен­ции во Стејт де­парт­мен­тот во Ва­шин­гтон, а ин­те­рес за слу­чу­ва­ња­та по­ја­ви и Мос­ква.

 

Ду­ри и ва­ка по­дре­де­ни, се­пак ис­преп­ле­те­ни, си­те слу­чу­ва­ња во са­мо де­се­ти­на де­на се прем­но­гу за ед­на др­жа­ва. За­тоа и тре­ба да им се од­да­де приз­на­ние на гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Пред сѐ, за за­др­жа­на­та трез­ве­ност во клуч­ни­те мо­мен­ти. Трез­ве­ност ко­ја не­до­сти­га при мно­гу по­ма­ли по­тре­си во мно­гу по­го­ле­ми др­жа­ви.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 143. број на неделникот „Република“, 29.05.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top