| четврток, 6 декември 2018 |

Дојран ги почна подготовките за летната туристичка сезона

Општина Дојран ги почна подготовките за летната туристичка сезона со дислоцирање на урбаната опрема од градската плажа на зелените површини за да остане повеќе простор за поставување заштитни чадори од сонце, откако езерската вода надојде до потпорните бетонски ѕидови.

Од локалната самоуправа најавуваат уредување и на други локации на крајбрежјето, кои ќе можат да се користат како плажи во текот на оваа сезона.

Оптимизмот дека Дојран ќе живне во текот на летото не го кријат ниту локалните жители според кои веќе се создадени предуслови за пречек на голем број гости.

Општина Дојран планира да ги зголеми и сместувачките капацитети со нови хотели, чијашто изградба наскоро ќе почне на локациите што неодамна беа продадени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top