| четврток, 6 декември 2018 |

Филмски фестивал „Тинтири-минтири“ во Кинотека

– Увертира на програмата за јуни е првиот Тинтири-минтири фестивал каде ќе се прикажуваат филмови за деца, но и од деца. На овој начин, Кинотеката го продолжува континуитетот во воспитувањето на идната кино-публика, на идните консументи на културни продукти, а се надеваме дека од тоа ќе се изнедри и по некој автор – соопшти Кинотеката.

Во програмата за јуни Кинотеката ја издвојува и програмата на Францускиот филмски фестивал во чии рамки годинава ќе бидат прикажани два филма кои се типични репрезенти на современата француска филмска продукција.

Во првите денови од јули, пак, во Кинотеката ќе се одржува „Скопје синема сити“ – фестивал на музички филмови. Ќе бидат прикажани шест документарци кои се однесуваат на популарната музика. Од нив еден е македонски – „Уметници за жици“ во режија на Александар Јанковиќ и Александар Даутовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top