| четврток, 6 декември 2018 |

Петруес: ИД може да се спречи со политички и воени акции

петре

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, вели дека борците од Исламска држава може да се спречат да дејствуваат само ако истовремено се користат воени и политички средства.

Во интервју за „Би-Би-Си“, Петреус вели дека џихадистите не може да бидат победени само со силата на оружјето.

Тој ги нарече припадниците на ИД како „многу тежок противник“, „редовна армија“ која користи терористички методи.

Генералот во оставка вели дека неодамнешното заземање на Рамади е „стратешка загуба“ за ирачката армија бидејќи покажала дека тврдењата оти ИД губи позиции  се „празни приказни“. Тој вели дека сега треба да се преразгледа стратегијата за борба со ИД за да се направат промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top