И покрај надежта дека за викендот ќе дојде до освежување на југот на Индија каде со недели владеат екстремно топлите температури, најавениот дожд во текот на минатата ноќ донесе благо олеснување, но бројот на жртви се искачи на 2.200 за само една недела.
Индиските власти денес соопштија дека бранот на топлина ќе трае уште некој ден во најпогодените Индиски сојузни држави Андра Прадеш и Теланган.
Во тие подрачја температурата денес била меѓу 45 и 50 степени Целзиусови, што е три до седум степени над сезонската нормала, изјави директорот на метеоролошката служба Реди.
Во Андра Прадеш од жештината починаа 1.636 лица, додека 561 лице настрадаа во соседен Теланган.
Стотици луше, особено оние најсиромашните, секоја година умираат поради жештината во Индија, но 2015 се покажува како најсмртоносна од 1995 кога 1.677 лица починале како последица на високите температури, покажуваат статистичките податоци.
Првите монсунски дождови кои ќе донесат мало освежување, се очекуваат во првата недела од јуни во јужната држава Керала.Сезоната на монсуните трае до септември и постепено ја зафаќа цела Индија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.