| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши пренуркувањето на Охридското езеро, погледнете што има на дното (галерија)

Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски во рамки на проектот за пренуркување на Охридското Езеро, кој беше реализиран во текот на изминатите три месеци, направил голем број подводни фотографии и видеоматеријал од живиот свет, археолошките остатоци и конфигурацијата на дното, објави „Охрид њуз“.

Охридски_тркалезен_сунѓер

Секулоски изработил и целосна документација за секое нуркање и трасите ги обележал со ГПС-уред. Тој водел и дневник со податоци за места, длабочини, температура на вода, извори и други аспекти што би можеле да бидат привлечни за научниците.

Цветање_на_алга

Во текот на пренуркувањето, снимени се и местата што претставуваат еколошки проблем, а за истите се собрани детали според кои може да се изработи карта со точки загадени со цврст отпад, како и други слични материјали што ја нарушуваат природната рамнотежа на езерото.

Европски_слатководен_рак

Мотор_на_потонат_авион

Извори_Св_Наум

Праисториски_чамец_-_Моноксил

Питос

Слатководен_крив_рак

Јагула

Подводни_извори

Потонато_бродче_кај_Струга

Релјефно_дно

 

фото: „Охрид њуз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top