Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски во рамки на проектот за пренуркување на Охридското Езеро, кој беше реализиран во текот на изминатите три месеци, направил голем број подводни фотографии и видеоматеријал од живиот свет, археолошките остатоци и конфигурацијата на дното, објави „Охрид њуз“.
Секулоски изработил и целосна документација за секое нуркање и трасите ги обележал со ГПС-уред. Тој водел и дневник со податоци за места, длабочини, температура на вода, извори и други аспекти што би можеле да бидат привлечни за научниците.
Во текот на пренуркувањето, снимени се и местата што претставуваат еколошки проблем, а за истите се собрани детали според кои може да се изработи карта со точки загадени со цврст отпад, како и други слични материјали што ја нарушуваат природната рамнотежа на езерото.
фото: „Охрид њуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст