| четврток, 6 декември 2018 |

Владата вложи 50 милиони евра за подобрување на железничкиот сообраќај

желе

Владата во изминатиот период вложи околу 50 милиони евра во подобрување на железничкиот сообраќај во Македонија, што е добро за зголемување на конкурентноста на железницата, но и за удобноста при патувањето на патниците и отворање нови можности за компаниите со товарните вагони.

Ова го порача премиерот Никола Груевски, одговарајќи на прашање по пуштањето во употреба на две двојни тениски игралишта во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

– Во последните 40 години во железницата во Македонија не се инвестирани толку средства. Досега се испорачаа сите 150 товарни вагони чија вредност е 14 милиони евра, следува етапно и постапно доаѓање на шесте патнички композиции од средината на јули, па до нова година, кои се во вредност од 25 милиони евра и кои ќе го обноват две третини од патничкиот возен парк во Македонија. Следната година планираме постапка и за последната третина од возниот парк – истакна Груевски.

За околу два месеца од сега, посочи, се планира почеток на постапка за обнова на локомотивите за која, како што рече, ќе се инвестираат околу 8 милиони евра, како и за  обнова и реконструкција на железничките хали во вредност од 3 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top