| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарски градоначалник со шеќер „се справува“ со сообраќајните несреќи

шеќер
Градоначалникот на Нова Загора, Николај Грозев донесе одлука на улиците на бугарскиот град да се истурат 50 килограми шеќер за да се „избрка несреќата“.- Одлуката е донесена по неколку тешки сообраќајни несреќи. Иницијативата се заснова на старо верување според кое злата коб ќе исчезне ако на патот се истури шеќер- се наведува во соопштението на градскиот совет на Нова Загора.

Четворица, од кои две деца загинаа, а шест се повредени во сообраќајни несреќи за помалку од една недела во близина на Нова Загора, град со околу 25.000 жители во централна Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top