Градоначалникот на Нова Загора, Николај Грозев донесе одлука на улиците на бугарскиот град да се истурат 50 килограми шеќер за да се „избрка несреќата“.- Одлуката е донесена по неколку тешки сообраќајни несреќи. Иницијативата се заснова на старо верување според кое злата коб ќе исчезне ако на патот се истури шеќер- се наведува во соопштението на градскиот совет на Нова Загора.
Четворица, од кои две деца загинаа, а шест се повредени во сообраќајни несреќи за помалку од една недела во близина на Нова Загора, град со околу 25.000 жители во централна Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.