Руски воен авион полета во правец на американски воен брод, кој дејствувал „агресивно“ во Црно Море, објавија дел од руските медиуми, повикувајќи се на неименувам извор од руските безбедносни сили на Крим.
Американскиот разорувач „УСС Рос“ се движел долж границата на руските територијални води.
– Екипажот на бродот дејствуваше провокативно и агресивно, што ги загрижи операторите на станицата за мониторинг и бродови на Црноморската флота. Воениот авион „Су-24“ демонстрираше подготвеност за брзо спречување на повреда на границите и одбрана на интересите на земјата – изјави неименуван извор.
Портпаролката на Пентагон, Илејн Лејнез изјави дека разорувачот „УСС Рос цело време се наоѓал во меѓународни води, изведувајќи рутински операции“.
Руското Министерство се уште не го коментира настанот.
Инцидентот е најнов во низата средби меѓу руските и западните сили, а тензиите продолжуваат да се зголемуваат поради кризата во Украина и присоединувањето на Крим кон Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.