| четврток, 6 декември 2018 |

На оглас се бара куќна помошничка- условот е да е гола

cistacicaПостар господин од Бристол, Велика Британија, кој признава дека е воајер, пуштил оглас дека бара помошничка која би била- Гола. Нудел 20 фунти за час, а за една недела добил 11 пријави.

69- годишниот разведен господин, потпишан само како Џон, имал едноставни барања, како перење садови, чистење прашина, раздигнување по дома- но сето тоа без ниедно парче облека на себе. Тој тврди дека нема ништо сексуално во неговото барање. Тој се развел пред 24 години и вели дека ужива во запознавање на нови жени. „Не правам ништо лошо, никому не нанесувам зло. Јас сум воајер во најбанална смисла на зборот. Ако сум перверзен би користел услуги на ескорт агенции, да сакам секс би одеј во јавни куќи“- вели тој за локалните медиуми.

Не смета дека огласот е понижувачки кон жените, па додава дека по првото доаѓање, вработените посочувале дека „не е така лошо како што сметале“ и дека често останувале пријатели, додава Џон.

Ова не е прв негов оглас. Идејата ја добил по разговор со пријател, но и се консултирал со локалниот суд, од каде добил потврда дека не станува збор за непристојност. Набрзо на работи примил 35 годишна жена која работела околу година и половина, но прекинала откако нејзиниот сопругот добил работа во друг град, раскажува Џон.

Следната која работела кај него била наставничка, која дала отказ откако медиумите објавиле дека неколку нејзини колешки добиле откази заради вклученост во секс- индустријата.

-Не им е до парите. Повеќе е до потребата за авантура за двајцата. Не сакам кога тоа го работат за пари- објаснува огласувачот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top