По вчерашниот реизбор на Сеп Блатер за претседател на ФИФА, со свој став излезе и португалската фудбалска легенда Луис Фиго, кој до пред една недела беше против кандидат на Блатер, но се откажа од трката во корист на принцот Ал Хусеин.
– Денеска беше уште еден црн ден во Цирих, уште еден црн ден за фудбалот. Загуби ФИФА, но најмногу загуби фудбалот и сите оние кои веруваат во него – истакна Фиго, притоа осврнувајќи се и на говорот на Блатер, и ситуацијата со апсењето на високите функционери на ФИФА.
– Блатер имаше навистина цинична реакција кога рече дека не може да контролира секого. Тоа ја навредува сечија интелегенција. Ако Блатер и минимално беше загрижен за фудбалот и ако имаше малку чесност ќе се откажеше од реизборот. Но, тој е човек кој мисли само на себе. Ако има малку образ наредниве денови ќе поднесе оставка – вели Фиго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.