| четврток, 6 декември 2018 |

ФБИ го уапси Роман Абрамович?

Неколку руски медиуми денеска објавија информација дека е уапсен рускиот милијардер и сопственик на лондонски Челзи, Роман Абрамович во Њујорк. Веста се прошири на Твитер со голема брзина, но беше демантирана од неговиот портпарол кој сепак призна дека Абрамович во моментот на објавување на веста бил во Њујорк.

-Тоа е целосно невистинито. Луѓето не треба да обрнуваат внимание на тоа, соопштиле од управата на Челзи.

До сега ФБИ не се произнесе за објавените информации.  

Абрамович во последните денови беше во центарот на вниманието во руските медиуми поради смртта на Борис Березовски. Тој неодамна доби спор пртив Березовски пред судот во Лондон тежок неколку милинаради долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top