| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес во северна Грција се почувствува и во Македонија

Земјотрес со јачина од 4 степени утрово на 4 минути пред 4 часот е регистриран на 18 километри северозападно од грчкиот град Кожани, на 60-тина километри од Битола, а беше почувствуван и во Македонија, но со слаб интензитет.

земјотрес

Потресот го регистрирал Институтот за геофизика при универзитетот Аристотел во Солун, а се случил на еден километар под површината на земјата, се дознава од Европско-медитеранскиот центар за земјотреси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top