| четврток, 6 декември 2018 |

Во Тексас слободно ќе се носи оружје

оружје

Пратениците на Претставничкиот дом и Сенатот на Тексас изгласаа предлог закон за отворено носење оружје на улици на втората по големина американска сојузна држава.

Предлог законот ќе биде испратен на потпишување кај гувернерот Грег Абот. Се очекува Абот, кој е републиканец тој закон да го потпише и со тоа да ја укине забраната за отворено носење оружје која во Тексас е на сила по Граѓанската војна.

Сопствениците на оружје и понатаму ќе мора да имаат дозвола за носење оружје што ќе може да се носи на појасот и тоа нема да мора да биде скриено под облеката.

Во изминатите 20 години во Тексас беше дозволено носење само скриено оружје. Во таа држава околу 850.000 луѓе имаат дозвола за носење скриено оружје, а таа цифра нагло се зголеми во изминативе години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top