Британскиот премиер Дејвид Камерон на разговори кај германската канцеларка Меркел, што се смета за најважна посета во рамки на неговата турнеја низ ЕУ за лобирање за реформи на Унијата.
Меркел, се пренесува, покажала разбирање за реформите кои ги бара британскиот колега, па сака да му помогне за Велика Британија по референдумот во 2017 година да остане во Унијата. Таа вети дека ќе го следи процесот на реформи кои ги бара Лондон, не исклучувајќи ги однапред измените на европските договори кои ги загрижуваат многу земји- членки. Германија сака силна Велика Британија во ЕУ, посочи Меркел, а една од пораките на средбата е и дека промените на европските договори не се исклучени
Камерон под притисок на евроскептиците сака да врати некои од овластувањата на Парламентот и поостри критериуми за добивањее на социјална помош за европските државјани. Доколку ги добие отстапките, ќе се заземе за останување во Унијата. Тој во Берлин допатува по посетите на Хаг, Париз и Варшава.
Британците бараат ограничување на населувањето. Лондон бара и строги услови за добивање социјална помош бидејќи тоа право често се злоупотребува. Не наиде на заеднички јазик на средбата во Полска со колешката Ева Копач во врска со сечењето на социјалните права на имигрантите.Во Велика Британија живеат околу 800 илјади Полјаци и премиерката се противи на дискриминацијата и на ограничувањата на било кои права на имигрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.