Германскиот фудбалер од редовите на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер во моментов е во Париз и го следи секој настап на неговата сакана Ана Ивановиќ.
Со зборовите на српски јазик, „Ајде, идемо“, Швајни од ложата и дава поддршка на српската тенисерка, која во третото коло на Роланд Гарос ја победи Дона Векиќ.
Неодамна Ивановиќ изјави дека неговото присуство многу и значи, бидејќи и двајцата се врвни спортисти на истото ниво и тој може да ја разбере.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.