| четврток, 6 декември 2018 |

Како постарите генерации ги рушат стереотипите во Португалија!

elderly-paint-graffiti-lisbon-lata-65-19

Графитите се составен дел од урбаната култура. Преку нив може да се пренесе некоја порака, да се искаже револт, а често знаат и добро да ве насмеат. Графитите некогаш се сметаат за форма на уметност, но и за вандализам.

Графитите и уличната уметност често се служи и за продлабочување на јазот на недоразбирање помеѓу младите генерации и постарата популација, но има една уметничка организација во Лисабон, Португалија, чија цел и  работа да го промени тоа. ЛАТА 65 работи на тоа да се уништат стереотипите околу возраста  и постарите граѓани да ги претвори во улични уметници преку тоа што ќе им обезбедат спреј бои, маски и ракавици и ќе се потрудат да им најдат слободни места во градот за да се изразат себеси преку графитите!

elderly-paint-graffiti-lisbon-lata-65-10

Сето тоа започнува со работилници, каде што студентите учат за историјата на уличната уметност и како да создаат свои матрици. Потоа тие наоѓаат истрошени и запустени делови од градот и го бојат со својата фантазијапреку која оставаат белег и докажуваат дека годините не се пречка за да се биде уметник.

elderly-paint-graffiti-lisbon-lata-65-20 elderly-paint-graffiti-lisbon-lata-65-14

Според Фејсбук страната на организацијата, нивната цел е да ги поврзат постарите и помладите генерации преку уметноста, да им помогне на постарите лица да се вклучат во новите форми на современата уметност и што е најважно,  да им овозможи да се забавуваат.

elderly-paint-graffiti-lisbon-lata-65-18 elderly-paint-graffiti-lisbon-lata-65-8

Кај нас испишувањето графити е забрането и казниво со Законот за јавна чистота. Според законот, на јавни објекти забрането е и цртање и лепење плакати. Казната за испишување графити е 50 евра или општокорисна работа. Иако графитите се забранети со закон, сепак цртачите наоѓаат начини како на ѕид да ги пренесат своите пораки. Најчесто пораките кои се испишани по скопските ѕидови се со политичка содржина.

Цртачите на графити се обидуваат да ги искористат ѕидовите за некои свои апетити, некои свои мислења. Уметноста отсекогаш била начин да се изрази некој свој став, мислење и да пренесе некоја порака.  Но во Скопје не постојат ѕидови кои ќе бидат искористени токму за овој вид на уметност. Па затоа најчеста мета се ѕидовите од зградите и училиштата. И наместо порака , ќе прочитате нечие име и содржина која нема и баш некоја порака. Не постои ѕид кој што нема барем една шкртаница.

Затоа апел до сите.

Апел до властите: Дајте им на цртачите ѕид кој ќе биде наменет само за нивните пораки и мисли. Место каде што оние креативните ќе го изразат својот став.

Апел до цртачите на графити: Избегнете ги нашите згради и училишта. Тие секако не се најсоодветното место за вашите цртежи.

Еве пример како тоа се прави во светот, особено во Португалија, каде младите уметници можат да си ги видат бабите и дедовците на улица како цртаат графити.

elderly-paint-graffiti-lisbon-lata-65-7 elderly-paint-graffiti-lisbon-lata-65-12 elderly-paint-graffiti-lisbon-lata-65-13

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top