| четврток, 6 декември 2018 |

Како пријателските земји ги обележуваат границите!

international-borders-12-1

Државна граница е пресечна линија на вертикалните рамнини и земјината површина со која се одвојува територијата на Република Македонија од соседните држави. Гранична линија е обележана или замислена линија на земјината површина по која се протега државната граница. Ова кратко објаснето е дефиниција за тоа што е државна граница и како се обележува во нашата држава. Географски земјата граничи со Србија и Косово на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад, а обележјата на границите се вршат спрема секоја соседна држава  посебно.

Сличен е примерот и во останатиот свет.

Историјата, а понекогаш, за жал и тековните настани ни покажуваат колку лесно се менуваат националните граници иако сите ние сакаме да мислиме дека тие се постојани и трајни. Во прилог ќе ви покажеме фотографии кои се доказ како две и повеќе пријателски настроени соседи ги обележуваат и чуваат своите територии.

Границите често говорат какви се соседските односи помеѓу две држави. Границите помеѓу пријателски држави, особено оние во Европската Унија во Шенген зоната се чинат како воопшто и да не постојат и често се означени само со една линија или сообраќаен знак. Останатите маркери на граници се дефинирани природно со реки, со стражарски пунктови или демитализирани зони.

Жителите на Нако, Аризона и Нако, Мексико често играат натпревари по одбојка  на граничната ограда помеѓу САД и Мексико.

international-borders-11-1

Граничното тромеѓе на Словачка, Австрија и Унгарија

international-borders-22__700

Границата помеѓу Норвешка и Шведска

international-borders-5-1

Границата помеѓу  Холандија и Белгија

international-borders-1-1

Границата помеѓу Полска и Укранина

international-borders-9-1

Оваа сајла е една од конекциите помеѓу Шпанија и Португалија

international-borders-25-1

Ова е точка каде се граничат Германија, Холандија и Белгија

international-borders-24__700

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top