Државна граница е пресечна линија на вертикалните рамнини и земјината површина со која се одвојува територијата на Република Македонија од соседните држави. Гранична линија е обележана или замислена линија на земјината површина по која се протега државната граница. Ова кратко објаснето е дефиниција за тоа што е државна граница и како се обележува во нашата држава. Географски земјата граничи со Србија и Косово на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад, а обележјата на границите се вршат спрема секоја соседна држава посебно.
Сличен е примерот и во останатиот свет.
Историјата, а понекогаш, за жал и тековните настани ни покажуваат колку лесно се менуваат националните граници иако сите ние сакаме да мислиме дека тие се постојани и трајни. Во прилог ќе ви покажеме фотографии кои се доказ како две и повеќе пријателски настроени соседи ги обележуваат и чуваат своите територии.
Границите често говорат какви се соседските односи помеѓу две држави. Границите помеѓу пријателски држави, особено оние во Европската Унија во Шенген зоната се чинат како воопшто и да не постојат и често се означени само со една линија или сообраќаен знак. Останатите маркери на граници се дефинирани природно со реки, со стражарски пунктови или демитализирани зони.
Жителите на Нако, Аризона и Нако, Мексико често играат натпревари по одбојка на граничната ограда помеѓу САД и Мексико.
Граничното тромеѓе на Словачка, Австрија и Унгарија
Границата помеѓу Норвешка и Шведска
Границата помеѓу Холандија и Белгија
Границата помеѓу Полска и Укранина
Оваа сајла е една од конекциите помеѓу Шпанија и Португалија
Ова е точка каде се граничат Германија, Холандија и Белгија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.