| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на Камерон ќе го усвои законот за замрзнување на данокот за домаќинствата

Владата на британскиот премиер Дејвид Камерон, само три седмици по реизборот, ќе го усвои законот кој гарантира замрзнување на данокот за домаќинствата до 2020 година.

лондон

„Законот ќе биде усвоен со цел да се гарантира дека нема да има зголемување на данокот на доход, данокот на додадена вредност и на социјалните давачки во наредните пет години“, изјави кралицата Елизабета II пред парламентот, во традиционалниот кралски говор.

Оваа мерка беше дел од ветувањата на Камерон во предизборната кампања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top