Бројот на работници во индустријата во април е зголемен за 1,6 проценти во споредба со истиот месец 2014 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пораст се бележи во секторот Преработувачката индустрија за 2,4 проценти, додека намалување има во секторите Рударство и вадење на камен за 4,5 отсто и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за три проценти.
Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2 проценти, Капитални производи за 18,4 проценти и кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 проценти. Намалување на бројот на работници има кај Енергија за 4,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 проценти.
Во однос на периодот јануари – април бројот на работници во индустријата е зголемен за два проценти во споредба со истиот период минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.