| четврток, 6 декември 2018 |

Засега нема да се менува монетарната политика, но планираниот пораст тешко ќе се оствари

bogov
Народната банка на Република Македонија во наредните неколку месеци не гледа потреба од промена на монетарната политика, но гувернерот Димитар Богов смета дека тешко ќе се оствари проектираниот пораст од 4,1 отсто на македонската економија. Засега нема потреба од менување на поставеноста на монетарната политика. Ние еднаш во месецот ја разгледуваме поставеноста. Последен пат беше во мај, тогаш заклучивме дека ситуацијата е непреоменета и останува поставеноста како што е. Лично не би очекувал да имаме ситуација за промена на оваа поставеност ниту во наредните неколку месеци. Секако ние редовно ги следиме движењата.- Засега нема потреба од менување на поставеноста на монетарната политика. Ние еднаш во месецот ја разгледуваме поставеноста. Последен пат тоа беше во мај и тогаш заклучивме дека ситуацијата е непроменета и останува поставеноста како што е. Лично не би очекувал да имаме ситуација за промена на оваа поставеност на монетарната политика, ниту во наредните неколку месеци. Секако ние редовно ги следиме движењата – изјави гувернерот Богов одговарајќи на новинарски прашања по денешната средба со турските инвеститиори организирана од Македонско-турската стопанска комора МАТТО.

Тој додаде дека наредното разгледување на состојбите ќе биде во јуни и дека не очекува да се смени нешто позначајно за да има позначајни промени и во монетарната политика.

– Внимателно ќе ги следиме движењата и не треба да се очекува загрозување на макроекономската стабилност – порача Богов додавајќи дека Народната банка и во минатото имала вакви тестови и успешно одговорила, макроекономската стабилност била задржана, а курсот на денарот е стабилен од 1997 година.

Оценува дека со оглед на тоа дека политичката ситуација се пролонгира и во цел април и мај, најверојатно, ќе има одредена штета врз економскиот пораст и веројатно проектираниот пораст од 4,1 отсто тешко дека ќе се оствари.

– Ние проектиравме пораст од 4,1 проценти. Тоа е наше основно сценарио во кое не се земени предвид овие политички случувања, но земено е предвид дека тие претставуваат фактор на ризик, кој во тој момент кога ги правевме проекциите, а ги правевме во април, не бевме во состојба да го квантификуваме, односно да го преточиме во бројки и затоа го дадовме само како ризик, ако се материјализира тогаш нашата стапка од 4,1 отсто нема да се оствари- истакна Богов.

Според него, ако заврши побрзо оваа ситуација тогаш таа загуба на растот нема да биде толку голема, ако трае подолго тогаш таа загуба ќе биде поголема.

Доколку потрае состојбата, гувернерот истакна дека би дошло до намалување на производството, инвестициите, побарувачката, пренесување на негативните ефекти врз банкарскиоот сектор и можно е на крајот да дојде до загрозување на макроекономската стаиблност, во такви услови НБРМ го презема тоашто мора за да ја зачува макроекономската стабилност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top