Единствените две зоолошки градини во Македонија, во Скопје и во Битола, ќе добијат на подарок нови животни од зоолошката градина во Измир, Турција. Иницијативата за оваа донација е на македонскиот амбасадор во Турција, Горан Тасковски, и е резултат на добрата соработка меѓу градовите од двете држави, односно Измир и Битола, посочи директорот на Зоолошката градина во Битола, Коста Нешковски.
– Станува збор за повеќе видови животни, газели, камила, птици и други животни кои најголем дел ќе бидат сместени во Зоолошката градина во Битола, но дел ќе бидат доделени и во Скопје, во зависност од условите за сместување на животните – изјави Нешковски додавајќи дека станува збор за 25 животни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.