Новиот селектор на Македонската сенироска фудбалска репрезентација Љубинко Друловиќ за својот прв официјален натпрвар на селекторското место го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за натпреварот против Словачка во Жилина на 14.јуни.
Како и што најави Друловиќ во списокот има неколку нови имиња, но и неколку прекалени репрезентативци кои се повратници во националниот состав.
Деби во составот ќе има голманот на Брегалница Филип Гачевски, а во репрезентацијата место ќе има и за Столе Димитриевски од Гранада. Во националниот тим се враќаат играчите на Вардар, Владимир Димитровски и Стефан Спировски. Повик доби и младиот дефанзивец Леонард Жута од шведски Хакен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.