| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки-Мун го прогласи Македонецот Михајловски за еден од идните светски млади лидери

ки мун
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Кун, синоќа на свеченост во Брисел го круниса Македонецот Даниел Михајловски како еден од идните 14. светски млади лидери, јави дописникот на МИА од Брисел. Михајловски, како претставник на СОС Детско село од Македонија, е еден од 14. идни млади лидери во светот според изборот на Обединетите нации и на Европската комисија, кои заедно го организираа овој избор на претставници на различни земји и националности низ светот.Говорејќи за еманципацијата, образованието и вработувањето на младите лица, Михајловски во својот настап пред еминентните претставници на ОН и на ЕУ посочи дека неговата генерација е една од најуобразованите во историјата, но дека се работи за генерација која најтешко може да најде пристојна работа.

– Многу млади луѓе бараат работа во развиените европски земји и во мојата Македонија. Македонската влада нуди можности и програми за вработување, но, за жал, истите не се користат соодветно – посочи Даниел Михајловски во говорот пред Бан и другите европски и светски лидери.

Генералниот секретар на ОН посочи дека младите се нашиот свет, достоинство и иднина и оти избраните 14 идни светски млади лидери, меѓу кои и Македонецот Михајловски, се надеж за една посветла иднина на планетата.

Дваесет и тригодишниот Михајловски уште како дете е рано останат без родители и е израснат во СОС Детско село. Тој е дипломиран економист и работи како архивар во Министерството за финансии на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top