В недела, (31 мај), со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет традиционално, за затворање на „Мајски оперски вечери“ ќе биде изведена оперската претстава „Аида“ од Џузепе Верди. Исто така, традиционално, „Аида“ е со интернационална солистичка екипа.
Настапуваат: Ракеле Станиши-Италија, во насловната улога, Амнерис: Росана Риналди-Италија, Радамес: Пјеро Џулијачи-Италија, Рамфис: Иван Томашев-Србија, Амонасро: Серџо Болоња-Италија, Фараон: Александар Стефаноски, Голема свештеничка: Олгица Милевска, Гласник: Марјан Николовски
Режисер е: Дејан Прошев, диригент, Стефано Романи-Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.