| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид сериозно е заинтересиран за Унаи Емери од Севилја

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го направи првиот чекор распрашувајќи се за ангажман на тренерот на Севилја, Унаи Емери.
Севилја имаше одлична сезона, која ја курниса синоќа со освојувањето на Лигата на Европа победувајќи го во финалето Днипро со 3-2.
По разделбата со Карло Анчелоти, управата на „кралевите“ е во потрага по големо тренерско име, на списокот на директорот Емилио Бутрагењо е и првиот човек на клупата на Севилја.

Како најсериозен наследник на Анчелоти на клупата на Реал Мадрид се спомнува името на Рафа Бенитез, кој, најверојтно, ќе го напушти Наполи. Сепак Бутрагењо веќе остварил контакт со управата на Севилја и се распрашувал за позицијата на Емери.
Договорот на Емери истекува на крајот од оваа сезона, но по изворедниот успех со освојување на Лигата на Европа Емери си обезбеди минимум уште една година престој во клубот. Неговиот услов беше Севилја да обезбеди место во Европа и следната сезона, но со освојување на второто по ранг натпреварување, клубот ќе настапува дури и во Лигата на шампионите во 2015/2016 сезона.

Доколку Реал Мадрид сака да го ангажира Емери, ќе треба да плати 1,5 милион евра отштета, што секако нема да претставува проблем за „кралскиот клуб“.

– Среќен сум во Севилја, мислам дека завршивме фантастична работа оваа сезона – изјави Унаи Емери по големиот успех.

Но, доколку Реал Мадрид е сериозно заинтересиран, тогаш сигурно дека тоа е еден нов голем предизвик за него во кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top