Во градот Низамабаду, градежните работници сè уште се на работа. – Нашиот живот зависат од работата, изјави Махалакшми, која дневно заработува 3,1 долар. Таа ги занемарува предупредувањата да се избегнува работа за време на жешките периоди објаснувајќи дека нејзиното семејство во тој случај нема да има од што за живее.
Метеоролозите најавуваат дека во следните денови ќе продолжи високата температура од што се уништуваат патиштата, посевите и се загрозуваат работниците, земјоделците и другите што работат на отворено. Монсунските дождови се очекуваат од следната недела во јужната држава Керала, од каде што полека ќе се движат кон север.
Волонтери на улиците делат солен путер и суров кромид, за кои се верува дека ја одржуваат хидратацијата на организмот. Луѓето користат шалови и марами за блокирање на топлиот воздух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.