| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на проект за енергетска ефикасност во индустријата

energetska efikasnost„Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобра практика и технологии“ е наслов на проектот што денеска ќе биде промовиран во Скопје.

Проектот се спроведува од УНИДО, во соработка со Регионалниот центар за животна средина – канцеларија во Македонија. Наменет е, меѓу другите, и за Министерството за економија, Министерството за животна средина и за просторно планирање, Агенција за енергетика и Македонска банка за поддршка и развој.

На промотивниот настан, кој се смета за прв состанок на проектот треба да се обратат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министрите за економија и за животна средина и планирање, Беким Незири и Нурхан Изаири. Ќе говорат и Катарина Георгиевска, директор на РЕЦ во Македонија и Марко Матеини, советник за индустриски развој УНИДО.

Настанот има за цел да придонесе кон информирање на пошироката публика со интерес во областа на енергетската ефикасност во индустријата и да основа Проектен советодавен комитет.

Проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобра практика и технологии“ се спроведува со директна финансика помош од програмата ГЕФ (Global Environmental Facility) во висина од 1,4 милиони долари и национално кофинансирање во висина од 5,9 милиони долари обезбедени од националните институции, МБПР и корисничките партнер – компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top