| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто се раѓаат повеќе момчиња отколку девојчиња?

Познато е дека момчињата и девојчињата не се раѓаат во ист број, но во светот, генерално, се раѓаат поголем број бебиња од машки пол.

Бебиња од машки пол се раѓаат поголем број бидејќи во утробата повеќе живеат машките сперматозоиди, според една нова студија, спроведена од британски и од американски научници.

Податоците на германскиот Статистички завод од 2013 година укажуваат дека се родени 349.820 момчиња и 332.249 девојчиња.

– Иако експертите долго време претпоставувале дека при оплодувањето се создаваат повеќе машки ембриони, соодносот на половите при зачнувањето, всушност, бил непознат и покрај стотици години шпекулирање и истражување – обајвија научниците.

Тим од експерти, предводен од Стивен Хехт Орзачки, претседател на истражувачкиот институт Фреш Понд во Кембриџ, заклучија дека иако морталитетот во однос на половите варира во некои фази од бременоста, морталитетот на машките плодови е почест на почетокот поради, како што се претпоставува, поголемиот број генетските абнормалности.

Минатата година научниците од англискиот универзитет во Екстер во списанието „BMC Medicine“ објавија студија, според која кај женските плодови веројатноста да бидат пометнати во подоцнежниот период од бременоста е поголема за десет отсто.

До овие сознанија научниците дошле со проучување на околу 30 милиони живородени бебиња низ целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top