Премиерот Никола Груевски денес присуствуваше на официјалното отворање на новата училишна зграда и новото тениско игралиште „Глигор Прличев“ во населбата Железара, општина Гази Баба.
Бараките во кои досега учеа учениците беа стари 50 години.
Премиерот Никола Груевски истакна дека ваквите проекти како отворање нови училишта и спортски сали, порано биле вистинска реткост и поради таквата негрижа голем број генерации на ученици растеа во стари училници без спортски сали.
-Од 2006 година до денес изградивме 70 нови училишта, а реконструиравме 350 на територија на цела Република Македонија. За оваа намена беа издвоени 2,56 милијарди денари. Според планираното, ова лето ќе бидат реконструирани други 29 училишта. Изградени се и 80 нови спортски сали, од кои 33 големи. Од 2006, исто така се зградени 35 големи фудбалски игралишта, 51 повеќенаменско игралиште, 39 тениски игралишта, а 35 игралишта за тенис се во фаза на градба – истакна Груевски.
Премиерот посочи дека работа на секој политичар е да ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните.
-Љубовта кон народот и земјата се покажува со работа, труд, проекти и реализација на сите ветувања дадени кон граѓаните. Ние и понатаму со сите сили ќе работиме за успешна и просперитетна Македонија, истакна Груевски.
На отворањето на новата училишна сала и тениско игралиште присуствуваа и голем број на граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски