| четврток, 6 декември 2018 |

„Охридско лето“ доби нови простории

1,6 милион денари биле инвестирани за уредувањето на новите работни простории на фестивалската дирекција на манифестацијата „Охридско лето“.

– Со реновирањето на овој простор, Националната установа „Охридско лето“ добива комплетно нов и модерен простор со префинет дизајн, кој овозможува поблиска комуникација со сите пријатели, спонзори, помагатели, уметници, соработници и претставници на средствата за информирање, кои мошне активно и посветено ги следат случувањата на фестивалот. Просторот што денеска го промовираме е максимално професионално уреден и се надевам дека овие реновирани 200 квадартни метри ќе бидат катчето каде што во текот на целата година ќе се раѓаат и ќе се развиваат многу нови идеи, кои ќе придонесат за развојот на богатата фестивалска историја на „Охридско лето“ – рече Канческа- Милевска.

Просторното решение, според директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска, ја отсликува заложбата на оваа национална установата, културата да се движи кон нови современо текови, слични на светските збиднувања, притоа, како што рече, зачувувајќи ја долгата традиција од 55 успешни години.

– Верувајќи во визијата дека работниот простор е место каде што треба убаво да се чувствувате и притоа максимално работно да бидете ангажирани, од оваа јубилејна година ќе ве пречекуваме тука, во овој простор, уреден по дизајн на архитектот Кирил Илоски, а во изведба на тимот фирмата „МЗТ Инженеринг“. Тука и формата и бојата се внимателно избрани да ја надополнат сликата на модерниот стил кон кој чекориме, притоа чувајќи ја богатата фестивалска историја. Тука и уметноста вешто ја вклопивме преку делата на Кирче Стојоски – истакна Јанкуловска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top