Гласањето во Ирска за поддршка на истополовите бракови е „пораз за човештвото“, изјави државниот секретар на Ватикан кардиналот Пјетро Паролин.
– Тоа беше не пораз на христијанските принципи, туку пораз на човештвото, изјави Паролин во првата реакција на високо ниво на Светата столица по повод референдумот во Ирска минатата седмица.
– Бев многу натажен од тој резултат, рече тој.
Според него, исходот од гласањето покажува дека Црквата треба да ги подобри начините, на кои го проповеда христијанството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.