Премиерот на Либија Абдулах ал Тани вчера преживеа атентат и остана неповреден, откако непознати напаѓачи отвориле оган врз неговиот автомобил, соопшти портпаролот на неговата меѓународно призната влада.
– Автомобилот на премиерот е погоден од огнено оружје, откако вооружени напаѓачи пукале на него додека излегувал од кварт во кој била одржана седница на парламентот во источниот град Тобрук – изјави Хатем ел Урјаби.
Урјаби нагласи дека премиерот не е повреден, но дека еден од неговите телохранители бил повреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.