| четврток, 6 декември 2018 |

Седум илјади лица во Канада евакуирани поради шумските пожари

Forest fire in Mangualde
Речиси седум илјади лица во канадската провинција Алберта се евакуирани поради шумски пожари, кои се закануваат да зафатат куќи и нафтена рафинерија во областа, соопштија вчера локалните власти.

Повеќе од 1.600 пожарникари се борат со 70 пожари, од кои 55 беа предизвикани во неделата од громови.

Канадската Влада размислува да побара помош од САД и од Мексико, додека 20 пожари сè уште се надвор од контрола.

Министерот за шумарство на Алберта, Онил Арлије изјави дека пожарот, кој зафатил десет илјади хектари се приближил на 20 километри од населните места и нафтената рафинерија, од Сеновус до регионот на езерото Колд.

Освен тоа наредена е и евакуација за 4.700 жители на местото Вабаска. Владата поставила прифатни центри за раселени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top