| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК не негира дека подготвува Специјален претставник за Македонија

ек

Европската комисија не негира дека преку Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Федерика Могерини подготвува да испрати Специјален претставник на Европската унија за Република Македонија, кој ќе има мандат да посредува во решавање на политичката криза и превенирање од создавање на безбедносна криза пост-кумановските настани, јави дописникот на МИА од Брисел.

Портпаролакта на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич, на денешната прес-конференција во зградата на неформалната Влада на Унијата, не сакаше да потврди, но не го негираше пишувањето на МИА од минатата недела, дека Брисел подготвува Специјален претставник, каков што на почетокот на овој милениум во Македонија беше сегашниот генерален секретар на ЕЕАС, Ален Ле Роа.
– Не, не можам да го потврдам ова во оваа фаза. Но, знаете што е позицијата на ЕУ погенерално во однос на ситуацијата во Македонија. Знаете дека има посредување што се одвива од членовите на Европскио парламент, каде исто така има присуство и на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан. Нашата позиција во тој случај останува како што веќе е истакнато – одговори нејасно портпаролката Коцијанчич.
Со оглед на кусото време до избор на Специјален претставник, денешните преговори власт-опозиција во Македонија ги посредуваат ЕУ-амбасадорот во Скопје, Аиво Орав, како и американскиот амбасадор Џес Бејли. Сепак, за следните рунди се планира присуство и на Специјалниот претставник чија задача ќе биде да ги убеди политичките партии во земјата да ја вратат Македонија на евро-атлантскиот интегративен пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top