| четврток, 6 декември 2018 |

Програмата „Општо корисна работа“ со нови вработувања во Богданци

богданци

Општина Богданци ќе го подржи спроведувањето на владиниот оперативен план за услуги на пазарот на труд со работно ангажирање на три невработени лица во рамки на програмата „Општинско корисна работа“.

Привремено, своето вработување во рок од шест месеци ќе го решат млади лица на возраст до 29 години или припадници на ранливите категории со адреса на живеење на територијата на општина Богданци кои ќе бидат ангажирани за давање грижа на стари изнемоштени лица и на лица со посебни потреби.

Вработените ќе бидат ангажирани на позициите помошник негувател на деца со посебни потреби, општ работник за грижа на стари лица и хигиеничар за станбени и деловни протории.

Ангажираните работници ќе имаат скратено работно време од 20 часа неделно, ќе добиваат по 6.200 денари месечен надомест, а ќе имаат и осигурување од повреда на работно место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top