| четврток, 6 декември 2018 |

Не е холестеролот најголема закана за здравјето на човекот, туку шеќерите

Повеќе од 40 години, од почетокот на седумдесетите години, путерот, јајцата, сирењето и школките се на црната листа на храната бидејќи се сметаа за главни виновници за задебелување на артериите, болестите на срцето и мозочниот удар.

puter_126640710

По долгогодишни истражувања новата студија спроведена во Америка ја поништува оваа теорија и јајцата, школките, сланината, однсоно храната со висок холестерол не се сметаат веќе за опасна храна по здравјето на човекот.

Стручните лица расправаат за тоа дали постои врска меѓу храната богата со холестерол и маснотиите во крвта. Американската влада размислува за тоа да го прифати советот да го исфрли холестеролот од листата.

Лекарите сега се концентираат на шеќерот како најголема закана за здравјето на човекот.

Лекарите во Британија, пишува „Дејли мејл“ сметаат дека постојат цела низа други ризични фактори по нашето здравје, неместо опседнатоста со холелстеролот. Сметаат дека е потребно да се напушти митот за поврзаноста на заситените масти со болестите на срцето. Според стручните лица, прехррамбената индустрија придонела за тој став, намалувајќи ги заситените масти кои се надоместуваат со шеќерот, а всушност шеќерот е најголема закана за здравата исхрана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top