Театарот,, Војдан Чернодрински,, се закити со уште едно меѓународно признание. Овој пат ансамблот на прилепскиот театар, на меѓународниот фестивал на НЕТА кој по петти пат се одржа во Враца, Бугарија, е прогласен за најдобар ансамбл, одигрувајќи ја претставата ,,Буре барут,, од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска.
Жирито во состав Нора Макарова од Русија(претседател) и членовите Веселина Гулева од Бугарија и Тодор Кузманов и Гоце Ристески од Македонија сметале дека претставата ,,Буре барут,, ансамблот на 26 издание на фестивалот на камерна сцена во Враца ја одиграл маестрално и токму затоа му ја доделиле наградата за најдобар ансамбл.
– Наградата на театарот,, Војдан Черндорински,, му се додели заради виското професионално ниво на актерската игра, која се одликува со сугестивност и ентузијазам, заради што истата прераснува и се доживува како актерска симултанка, која од претставата прави жив и пулсирачки сценски чин – вели членот на жирито, театарологот Тодор Кузманов.
Ова е второ меѓународно признание за претставата,, Буре барут,, и за ансамблот. Минатата година на актерката Даниела Иваноска и беше доделена наградата за споредна женска улога на фестивалот на глумци во Никшиќ, каде исто така настапот на нашиот тетаар беше одлично оценет.
Инаку, речиси целиот ансамбл на театарот деновиве е вклучен во интензивните подготовки на претставата,, Премиера во сабота,, по текст и во режија на Коле Ангеловски, која премиерно ќе биде изведена во првата половина на јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.