| четврток, 6 декември 2018 |

Театарот „Војдан Чернодрински“ прогласен за најдобар ансамбл на фестивалот во Враца, Бугарија

images

Театарот,, Војдан Чернодрински,, се закити со уште едно меѓународно признание. Овој пат ансамблот на прилепскиот театар, на меѓународниот фестивал на НЕТА кој по петти пат се одржа во Враца, Бугарија, е прогласен за најдобар ансамбл, одигрувајќи ја претставата ,,Буре барут,, од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска.

Жирито во состав Нора Макарова од Русија(претседател) и членовите Веселина Гулева од Бугарија и Тодор Кузманов и Гоце Ристески од Македонија  сметале дека претставата ,,Буре барут,, ансамблот на 26 издание на фестивалот на камерна сцена во Враца ја одиграл маестрално и токму затоа му ја  доделиле наградата за најдобар ансамбл.

– Наградата на театарот,, Војдан Черндорински,, му се додели заради виското професионално ниво на актерската игра, која се одликува со сугестивност и ентузијазам, заради што истата прераснува и се доживува како актерска симултанка, која од претставата прави жив и пулсирачки сценски чин – вели членот на жирито, театарологот Тодор Кузманов.

Ова е  второ меѓународно признание за претставата,, Буре барут,, и за ансамблот. Минатата година  на актерката Даниела Иваноска и беше доделена наградата за споредна женска улога на фестивалот на глумци во Никшиќ, каде исто така настапот на нашиот тетаар беше одлично оценет.

Инаку, речиси целиот ансамбл на театарот деновиве е вклучен во интензивните подготовки на претставата,, Премиера во сабота,, по текст и во режија на Коле Ангеловски, која премиерно ќе биде изведена во првата половина на јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top