| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот повреден во напад во Бурса, почина во болница

турција
Градоначалникот од турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), кој беше тешко повреден во вооружен напад минатата недела во округот Бурса, во Северозападна Турција, почина во болница.Градоначалникот на округот Гурсу во Бурса Џонет Јилдиз беше повреден во пределот на главата во својот кабинет на 20 мај од вработен во општинската полиција.Нападот беше извршен на три недели пред парламентарните избори во Турција, кои ќе се одржат на 7 јуни.

Во изминатиот период тензиите во Турција пред изборите се зголемуваат. Во експлозии на 18 мај во два центри на прокурдската Демократска партија на народите беа повредени шест лица. Вчера веше извршен напад врз предизборен автобус на владејачката АКП во Батман, во Југоисточна Турција, без повредени, а денеска кандидатка за пратеник на опозициската Републиканска народна партија Елиф Доган Туркмен беше повредена во вооружен напад во Адана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top