| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерна изведба на „Како класа 13 во 2015 ја одигра Животинска фарма на Џорџ Орвел“

Вечерва, на 26 мај, ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Како класа 13 во 2015 ја одигра Животинска фарма на Џорџ Орвел“. Претставата е испит по по предметот Актерска игра четири на студентите од катедрата Драмски актери од втора година ќе се одржи вечерва на сцената при Факултетот за драмски уметности, со почеток од 20 часот.

zivotinska farma

 

Претставата е моќна критика на едно тоталитаристичко општество. Како основа за драматизација е употребен романот „Животинска фарма“ на Џорџ Орвел издаден во 1945 година, непосредно по Втората светска војна.

Главните ликови во романот се животни, чија сличност со конкретни политички ентитети е неизбежно конгурентна.

unnamed (1)

Во претставата играат: Виктор Бужаров, Ристе Ѓорѓиевски, Матеа Јанковска, Жарко Јовановиќ, Сара Климоска, Хари Михајловски Хари, Дарко Набаков, Никола Наковски, Стефан Петровски, Долорес Поповиќ, Никола Ристески Тамара Ристоска и Мирјана Трпковска.

Неслучајно „класата 13“ на Проф. Др. Сузана Киранџиска и асс. М-р Кристина Леловац ја позајмува Орвеловата тематиката и ја сместува оваа универзална творба во денешен контекст. По повод нивниот ентузијастички ангажман, тимот на „Кула“ учествуваше во изработка на сценографијата и костимографијата за претставата.

unnamed

 

Ова е прва соработка на уметничкиот колектив „Кула“ и Факултетот на драмски уметности, а воедно и прв групен ангажман на „Кула“ во областа на сценографија и костимографија.

Во пресрет на формата на самата претстава, предвидено е истата да се игра на алтернативни локации, чија сценографија беше специјално изработена за потребите на мобилност на реквизитите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top