| четврток, 6 декември 2018 |

Селектирани 15 претстави за учество на Драмскиот аматерски фестивал

daf51

На Драмскиот аматерски фестивал во Кочани  ќе учествуваат 15 театарски групи од исто толку градови на Македонија, како и една претстава од Нови Пазар, Република Србија.

– Фестивалот може да започне. Звршени се сите подготовки, селекцијата е направена од страна на актерката Звездана Ангеловска, која од пријавените 35 претстави селектираше 15. Жирито кое годинава ќе ги вреднува претставите и актерите го сочинуваат режисерите Драгана Стојчевска, Милош Андоновски и Ангелчо Илиевски, иформираше Благој Пенов, извршен директор на ДАФ.

Од придружните манифестации беше најавена промоцијата на монографијата „Вертикали“ од театарскиот критичар Иван Ивановски, која е посветена на изминатите 50 години драмски аматеризам во Македонија.

Фестивалот започнува со драмските аматери од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово, а во чест на наградените на затворањето на ДАФ ќе настапат кумановските пензионери со претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, а во режија на Лазар Ѓоргевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top