Околу 2.000 жители на северната канадска провинција Алберта се евакуирани поради шумскиот пожар, што опфати површина од 4.000 хектари, пренесе МИА.
Поради стихијата евакуирано е целото население (1.500 луѓе) на селото Вабаска.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 1.300 пожарникари и околу 100 канадери и хеликоптери.
Последните денови во регионот температурата на воздухот се искачи до 30 степени Целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.